Револуција на несакајќи

Повредена гордост од женски шамар а не протест против невработеноста и корупцијата на автократскиот режим е вистинската причина за самозапалувањето на момчето во Тунис, кое предизвика крвави протести и државен удар во земјата.

 |  Маја Савиќ  | 
protesti tunis
протести Тунис

Јасминската револуција започна на 17-ти јануари со самозапалувањето на 26-годишниот продавач на овошје Мухамед Буазизи во градот Сиди Бузид а резултираше со симнување од власт на претседателот Зине ел Абидине Бен Али.
protesti tunis
Но, весникот Шпигел ја пренесува реакцијата на семејството на херојот, кое сега тврди дека тој не се запалил од политички причини и дека воопшто не бил студент, како што до сега се пишуваше.

Вистинскиот мотив за неговата реакција бил шамарот, кој на Буазизи му го влепила една жена, додека продавал на пазарот. Не можејќи да ја истрпи навредата, тој отишол на бензинска пумпа, се полил со бензин и почнал да вика, скока и пцуе а потоа од некаде избила искра. Земјата во која одамна врие, во неговиот случај виде доволно силна причина за револуција.

Лавината протести не го спречи ни гестот на претседателот Бен Али, кој лично го посетил семејството, додека Буазизи сè уште бил жив во кома, и им подарил 10.000 евра. Подоцна следуваа серија други самозапалувања, масовни протести и симнување од власт на лидерот кој владееше 23 години.

Официјалната бројка на загинати во немирите изнесува 78, но Oбединетите Нации веруваат дека имало повеќе од 100 жртви.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top