Рекорден броj новинари убиени во светот оваа година

Масакрот на 30 медиумски работници на Филипините во ноември ја направи 2009 најсмртоносната година за новинарите во светот со 68 убиени претставници на медиумите, се наведува во извештајот на Комисијата за заштита на новинарите.

 |  Голабовски Крсте  | 
novinar
новинар

Масакрот на 30 медиумски работници на Филипините во ноември ја направи 2009 најсмртоносната година за новинарите во светот со 68 убиени претставници на медиумите, се наведува во извештајот на Комисијата за заштита на новинарите.

protestiВо 2008 година имало 42 убиени новинари, што значи дека жртвите на убиствата во медиумската сфера се зголемиле за 60 проценти.
– Има впечаток дека три четвртини од нив биле убиени намерно поради нивната работа и во 85 отсто од тие случаи нема покренато обвиненија, изјави заменик-директорот на Комисијата Роберт Махони. – Тоа има ужасен ефект врз новинарството, коментира тој.
Според Махони, последните податоци откриваат вознемирувачки тенденции, особено во Сомалија, каде деветмина новинари беа убени во борбени услови. Четворица новинари беа убиени во Пакистан, кој станува втората земја најопасна за новинарите, по која следи Русија со тројца убиени новинари.
По двајца беа убиени во Мексико и Шри Ланка. Другите држави, во кои се убиени медиумски работници се Авганистан, Колумбија, Салвадор, Индонезија, Кенија, Мадагаскар, Непал, Нигерија, окупираните палестински територии и Венецуела.
Педесет и шест проценти од убиените работеле во печатени медиуми, што ја истакнува важната улога на весниците и блоговите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top