Регистрирани два земјотреси во Афганистан

Најмалку 22 лица загинаа, а 30 се ранети, во два земјотреси, кои рано изутринава го погодија источен Авганистан.

 |  Крсте Голабовски  | 
urnatini
урнатини

Најмалку 22 лица загинаа, а 30 се ранети, во два земјотреси, кои рано изутринава го погодија источен Авганистан.
Првиот земјотрес со интензитет од 5,5 степени е регистриран од Геофизичкиот институт на САД во 1:57 часот по локално време во провинцијата Нангахар, на 85 километри југоисточно од Кабул и на 140 километри од пакистанскиот град Пешавар.

кartaДва часа подоцна е регистриран и вториот потрес од 5,1 степен.
Интензитетот на двата земјотреси е измерен според т.н. скала на „моментална магнитуда“, која дава приближно еднакви вредности како и Рихтеровата скала. Земјотресите причинија материјална штета во четири села, каде се разурнати над 200 куќи. Во тек е спасувачка операција за пронаоѓање на преживеани лица од под урнатините.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top