Референдум за евенетуална независност на Мартиник

Францускиот претседател Никола Саркози предложи референдум за евентуалната автономија на Мартиник, но исклучи можност за независност на тој остров.

 |  Крсте Голабовски  | 
Martinik
Мартиник

Францускиот претседател Никола Саркози предложи референдум за евентуалната автономија на Мартиник, но исклучи можност за независност на тој остров.

Nikola Sarkozi„Дојдов јасно да ви кажам дека имам намера да ги консултирам жителите на Мартиник за институционалниот развој на нивната територија како што тоа Уставот ми го дозволува“, изјави вчера Саркози, за време на посетата на Фор-де Франс, главниот град на островот.

Саркози додава дека жителите на Мартиник „се слободни да изберат пат по кој сакаат да одат“, но дека прашањето за независност на Мартиник, додека тој е на чело на Франција, нема да биде поставено.

Мартиник и Гваделуп се прекуморски територии на Франција на кои од почетокот на годината има социјални немири.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top