Рецеисјата останува

Директорот на ММФ Доминик Строс –Кан оцени дека светската економска и финансиска криза е „далеку од својот крај” и оти заздравување ќе почне од САД.

 |  Крсте Голабовскиi  | 
logo
лого

Директорот на ММФ Доминик Строс –Кан оцени дека светската економска и финансиска криза е „далеку од својот крај” и оти заздравување ќе почне од САД.

„И покрај сигналите кои се црвени и другите кои станаа зелени, кризата е далеку од тоа да биде готова”, изјави синоќа Строс –Кан на конференција за новинари во Вашингтон, пред денешниот почеток на пролетното заседание на ММФ.

logo„Ние и натаму веруваме дека може да има заздравување во првата половина на 2010 година. Почетокот на опоравувањето на светската економија треба да тргне од САД и тоа ќе се случи”, изјави првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Фондот неделава објави ревидирани прогнози за светскиот економски раст, според кои, националниот производ во светот ќе се намали годинава за 1,3 отсто, но се предвидува раст од 1,9 отсто за следната година, и покрај стагнацијата во сите водечки развиени земји.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top