Бројот на нелегалните африкански имигранти, кои се обидуваат да влезат во Шпанија се намалил заради падот на шпанската економија.
Во првите седум месеци од годината речиси 4.500 имигранти биле спречени да влезат во Шпанија со помош на чамци, најголемиот дел од Западна и Северна Африка, што е за 40 отсто помалку во однос на истиот период лани и речиси една четвртина од нивниот број во 2006 година.
Шпанија организира морски и крајбрежни патроли во нејзините територијални води во обид да го спречи обидот на имигранти од Африка да влезат во државата.
Зајакнатите контроли, но и рецесијата доведоа до значително намалување на бројот на имигрантите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град