Расте бројот на жртвите од големите пожари во Австралија

Се зголемува бројот на жртвите од големите шумски пожари, избувнати во последните денови во јужниот дел на Австралија.

 |  Крсте Голабовски  | 
protivpozarno vozilo
противпожарно возило

Се зголемува бројот на жртвите од големите шумски пожари, избувнати во последните денови во јужниот дел на Австралија.
Според најновите податоци веќе загинаа 128 лица, соопштија агенциите.

Најмалку седумстотини куќи се уништени. Огнот, што неколку денови беснее во државата Викторија, во неколку случаи зафати цели населби. Над 5.000 жители на државата Викторија се принудени да ги напуштат домовите, а некои од нив останале без дом.
Отворени се прифатни кампови и центри за помош на настраданите.
Изгорени се околу 330 хектари шуми. Разурнати се приближно 750 куќи. Огнената стихија е најлошата во историјата на континентот.

Avstralija„Пеколот со целата своја жестокост се нафрли врз луѓето од Викторија, рече премиерот Кевин Рид, кој ги посети настраданите реони. „Ова е ужасна трагедија за целата нација“, изјави тој.

Премиерот соопшти за доделената итна помош од 10 милиони австралиски долари (седум милиони американски долари) и вети дека армијата ќе се вкучи во битката со огнот и во расчистувањето на остатоците.
Борбата со пожарите се усложнува од високите температури и силниот ветар.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top