Расправа околу тоалети за хомосексуалци

Два месеца пред карневалот во Рио Де Женеиро избuvna расправа откако школата за самба „Унидос да Тијуца“ најави дека ќе отвори посебни тоалети за хомосексуалците и трансексуалците.

 |  Маја Савиќ  | 
karneval vo Rio
карневал во Рио

Два месеца пред карневалот во Рио Де Женеиро избuvna расправа откако школата за самба „Унидос да Тијуца“ најави дека ќе отвори посебни тоалети за хомосексуалците и трансексуалците.
karneval vo Rio
Противниците на оваа одлука предупредуваат на „дискриминација“, а додека оние кои се согласуваат со неа ја сфаќаат како подобра заштита на својата приватност.

Во школата за самба илјадници танчери овие викенди ги одржуваат пробите за карневалските поворки на Самбадромот кои претставуваат најголем спектакл во светот.

Овие тоалети се „карневалски апартхед“, се побунил Клаудио Насцименто, директор на владината програма „Рио без хомофобија“.

„Не гледам во што е проблемот“, рекол Иран Араујо, директор за култура на „Независната лига на школите за самба“, организатор на карневалот, додавајќи дека на заедницата ЛГБТ (хомосексуалци, бисексуалци и трансексуалци) никој не им забранува да користат и други тоалети.
Рио Де Женеиро е главна дестинација на геј популацијата во светот. Сепак во Бразил и понатаму голем број луѓе немаат разбирање за љубовта меѓу припадници од ист пол, па во 2009 година овде животот го загубија 198 хомосексуалци, што претставува голем пораст од 62 отсто во споредба со 2007 година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top