Од движењето за Демократија велат дека протестот е насочен главно против албанскиот премиер Еди Рама и неговата соработка со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Невладината организација Движење за демократија (ДД) одржа денеска симболична акција пред амбасадата на Албанија во Косово против иницијативата „Отворен Балкан“, што ја покренаа македонскиот и албанскиот премиер, Зоран Заев и Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ на економскиот форум одржан минатиот четврток во Скопје, јави МИА од Приштина.
Пред амбасадата беше истакнато пано со слики на Вучиќ со Рама и Зaев, нo и со осудениот во Хаг за воени злосторства Војислав Шешељ, како и прикази на српски злосторства во Косово, во периодот 1998-99 година.
Над сликите беше запишана пораката до Рама: „Ние не сме заборавиле каков геноцид има извршено Србија на чело со Милошевиќ и неговиот министер Вучиќ врз цивилното население во Косово!“.
Демонстрантите порачаа и дека иднината на Косово е „кон Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, а не кон она што го претендираат иницијаторите, а што, според ДД, е еден вид „нова Југославија“.
Меџид Рамица од ДД изјави дека протестот е насочен против албанскиот премиер Рама и неговата соработка со српскиот претседател Вучиќ, кого го нарече „криминалец“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град