Работниците во фабриката „Застава“ ги зазедоа складовите со оружје

Работниците во српската фабрика за оружје „Застава“ во Крагуевац утринава ги зазедоа складовите за готово оружје и складовите за муниција.

 |   | 
Zastava
Застава

skladovi so oruzjeРаботниците во српската фабрика за оружје „Застава“ во Крагуевац утринава ги зазедоа складовите за готово оружје и складовите за муниција.

Тие изјавија дека во нив ќе останат деноноќно, односно се додека српската влада не најде решение за кризата во претпријатието, пренесе Танјуг.

Според претседателот на синдикалната организација на „Застава оружје“, Драган Илиќ, одлуката за заземање на складовите е донесена откако српската влада одби да разговара за многубројните проблеми во фабриката, на барање на синдикатот.

Работниците ги зазедоа складовите, во кои има големо количество оружје, произведено во погоните на фабриката, како и муниција.

Синдикатите тврдат дека не гледаат излез од повеќемесечната криза-фабриката не работи со полн капацитет заради недостигот на договори и заради неиздавањето на решенија за извоз на веќе потпишаните договори од страна на одделни министерства.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top