Путин победи, Милибанд му предвидува дека нема да дочека да се порадува

Поранешниот британски министер за надворешни работи Дејвид Милибанд изјави дека Владимир Путин „ќе биде тргнат од власта со силата на народот на Русија“, пред тој да мозе да го реализира сонот да остане во Кремљ во следните 12 години служејќи два мандата како претседател.

 |   | 
Rusija Putin
Русија Путин

Поранешниот британски министер за надворешни работи Дејвид Милибанд изјави дека Владимир Путин „ќе биде тргнат од власта со силата на народот на Русија“, пред тој да мозе да го реализира сонот да остане во Кремљ во следните 12 години служејќи два мандата како претседател.

Во авторски напис за „Сан он Сандеј“, Милибанд наведува дека Путин нема да го дочека и четвртиот мандат како руски претседател.

Поранешниот шеф на британскиот Форин Офис смета дека без разлика на изборната победа на Путин, Русија повеќе нема да биде истата затоа што „Русите го креваат гласот, а мудар лидер би требало тоа да го слуша“.

– Владимир Путин е заглавен во минатото, додека светот околу него забрзано се менува, смета Дејвид Милибанд.

Ова е досега најострата реакција на еден британски политичар на враќањето на Путин во Кремљ, каде беше во два едноподруго мандати меѓу 2000 и 2008 година. Со измената на Уставот, во иднина мандатот на рускиот претседател се зголемува на шест години, па Путин би можел да остане на таа функција до 2024 година.

Дејвид Милибанд беше шеф на британската дипломатија во Владата на премиерот Гордон Браун, а по поразот на лабуристите на изборите во мај 2010 година, важеше за главен фаворит за нов лидер на партијата, но беше победен од неговиот брат Ед Милибанд.

Руската Централна изборна комисија соопшти прелиминарни резултати од претседателските избори врз основа на 99 отсто преброени гласови според кои, актуелниот премиер Владимир Путин победи со 63,85 отсто освоени гласови на избирачите.

На второ место е лидерот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов со 17,18 отсто гласов, трет е самостојниот кандидат Михаил Прохоров со 7,75 отсто, четврти е лидерот на Либерално-демократската партија Владимир Жириновски со 6,23 отсто гласови додека последен е лидерот на Праведна Русија Сергеј Миронов кој доби 3,84 отсто поддршка.

Путин синоќа прогласи победа на плоштад во центарот на Москва и поздрави повеќе од 100.000 приврзаници при што им се заблагодари на поддршката. Тој укажа дека изборите се доказ за политичка зрелост на Русија и оти политичките провокации чија цел е рушење на државата не се поддржани.

– Оваа победа беше потребна за нашата држава да биде современа, силна и независна, рече Путин. Ги повика сите граѓани да го поддржат во следните шест години од мандатот за доброто на Русија.

Портпаролот на Путин наведе дека ќе продолжи дијалогот со опозицијата.

– Путин беше и ќе остане целосно прагматичен како во политиката така и во останати области. А, што се однесува до опозицијата, тој никогаш не исклучува важност од разговори, изјави Дмитриј Песков.
Зјуганов пред затворањето на бирачките места се пожали на регуларноста на изборите бидејќи според него, Путин за време на изборната кампања не учествувал во дебати со останатите кандидати. За разлика од него, Жириновски и Миронов му ја честитаа победата на Путин. Прохоров кој надмина предизборни прогнози на јавно мислење, најави формирање своја партија и наведе дека нема да прифати понуда од Путин за преземање функција во власта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top