Пустош после „Хаијан“

Светските сили забрзано доставуваат помош на Филипините, каде што се стравува дека има над 10.000 загинати луѓе од тајфунот Хаијан. Според Обединетите нации, околу 9,5 милиони луѓе биле погодени од катастрофата.

 |  Голабовски Крсте  | 
haiyan
хаијан

Светските сили забрзано доставуваат помош на Филипините, каде што се стравува дека има над 10.000 загинати луѓе од тајфунот Хаијан. Според Обединетите нации, околу 9,5 милиони луѓе биле погодени од катастрофата.

hayianСоединетите Американски Држави, членките на Европската унија, Австралија и Обединетите нации се меѓу оние кои најавија хуманитарна помош.

Се организира испраќање пакети со храна, ќебиња, и засолништа за десетици илјади луѓе. Американското Министерство за одбрана испрати околу 90 маринци и морнари, како и авиони за спасувачки операции.

Турција ќе испрати 65 тони хуманитарна помош на Филипини, каде тајфунот Хаијан усмрти голем број луѓе и предизвика огромна материјална штета, изјави турскиот вицепремиер Бешир Аталај.
Покрај хуманитарната помош Турција ќе испрати и турски персонал за дистрибуција на помошта. Првата хумнанитарна помош од Турција ќе биде испратена со авион денеска истакна Аталај, кој отпатува за Филипни.

Тајфунот, еден од најмоќните што воопшто е снимен, со невидена сила се втурна на Филипините во Југоисточна Азија и донесе огромно уништување.
Бранови морската вода уништуваа згради и предизвикаа масовно давење жители.
Во текот на викендот „Хаијан“ ги опустоши источните филипински острови Лејте и Самар.
Станува збор за еден од најсилните тајфуни кои досега ги погодиле Филипините. „Хаијан“, проследен со ветришта со брзина од преку 300 километри на час, помина преку островската држава во југоисточна Азија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top