Рускиот министер за финансии на чуден начин им предложи на граѓаните како да придонесат за подобрување на економијата во земјата.
Иако вообичено политичарите им укажуваат на граѓаните да живеат поздрав живот, министерот Алексеи Кудрин смета дека Русите треба да конзумираат повеќе алкохол и цигари.
“Ако пушите една кутија цигари дневно тоа значи дека придонесувате повеќе да се решат општествените проблеми.
Луѓето треба да сфатат дека оние кои пијат и пушат прават добро за државата”, објаснува политичарот.
Оваа бизарна препорака најверојатно ќе биде општо прифатена од страсните руски пушачи, кои неодамна покренаа протест поради недосатокот на залиха на цигари во земјата.
Како и да е, контроверзниот политичар со сигурност ќе предизвика дебата во државниот врв.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град