Забраната за пушење во новозеландските затвори ќе стапи на сила од 1 јули. Во интерен извештај на затворот Инверкаргил, во јужниот дел од земјата, се наведува дека затворениците дневно ќе добиваат по две парчиња морков додека се одвикнат од пушење.
Претседателот на синдикатот на затворски чувари, Бивен Хенлон, за весникот „Саутленд тајмс“ рекол дека кога слушнал за проектот помислил дека е шега.
„ Не сум сигурен дека е тоа фантастична идеја, но зошто да не се обидеме“, рекол тој.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град