Прва седница на британската Влада надвор од Лондон по 1921 година

Британската Влада својата прва седница по годишните одмори ќе ја одржи денеска во Бирмингем, а не во Даунинг стрит 10 во Лондон или во летната резиденција на британските премиери во Чекерс, што е прв ваков случај по 1921 година.

 |  Крсте Голабовски  | 

Британската Влада својата прва седница по годишните одмори ќе ја одржи денеска во Бирмингем, а не во Даунинг стрит 10 во Лондон или во летната резиденција на британските премиери во Чекерс, што е прв ваков случај по 1921 година.

Пред 87 години, Владата на тогашниот премиер Џорџ Лојд одржала седница во шкотскиот град Инвернес во зградата на локалниот градски Совет во време кога таму на одмор се наоѓал претседателот на Владата. Со своите министри премиерот Лојд тогаш расправал за мошне актуелното прашање од тоа време, ирското напуштање на британската монархија. Нема посебно објаснување зошто актуелниот премиер Гордон Браун ја преселува Владата во Бирмингем, но во просториите во Даунинг стрит 10, каде живее премиерот и каде заседава Владата, се уште траат работите околу разубавувањето на зградата, па се претпоставува дека затоа владината седница се одржува во вториот по големина град во Британија.

Според соопштението на Кабинетот на Браун, на седницата ќе биде промовиран документот според кој „Британија може да го преброди сегашниот економски застој“. Првата седница по годишните одмори премиерот Браун ќе ја искористи и за претставување на новата производна стратегија со која се предвидува отворање, на како што се вели, милиони нови работни места, како и инсталирање на новата, еколошки чиста технологија. Минатата недела министерот за финансии Алистер Дарлинг изјави дека Британија се соочува со најтешката економска криза во последните 60 години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top