Првата дама на САД Мишел Обама им подготви на сопругите на лидерите кои учествуваат на средбата на врвот на Г-20 во Питсбург подароци, кои се и многу лични и историски – уникатни порцелански сервиси за чај и мед од Белата куќа.
Првата дама на САД Мишел Обама им подготви на сопругите на лидерите кои учествуваат на средбата на врвот на Г-20 во Питсбург подароци, кои се и многу лични и историски – уникатни порцелански сервиси за чај и мед од Белата куќа.
Мишел Обама ги приреди на првите дами одделен прием на имотот „Роузмонт фарм“, недалеку од Питсбург.
Сервисите се изработени по образец на сервис, кој се користел во 1861 година во семејството на претседателот Абрахам Линколн, кој исто како и сегашниот претседател бил од Илиноис и е еден од неговите идоли. Линколн е американскиот претседател кој го укина ропството.
Оригиналниот сервис на Линколн е украсен со златни и пурпурни елементи. Во неговата современа копија златото е заменето со платина во чест на градот, каде се одржува средбата, традиционално познат како центар на индустријата за челик во Америка.
Пурпурната љубичица е цветот – симбол на државата Илиноис, од каде започнува политичката кариера на Линколн и на Обама.
Сервисите за првите дами се изработени од семејна фирма од Илиноис, која постои од пред сто години.
Медот, кој Мишел Обама им го подари, е добиен од првите кошници, поставени неодамна на територијата на Белата куќа, во близина на зеленчуковата градина на американскиот претседател, која таа ја обработува заедно со ученици. Медот е налеан во кристални садови, кои го носат личниот потпис на Мишел Обама. Тие се рачна изработка, дело на познат мајстор на уметничко стакло од Калифорнија.
Првата дама на САД ги прими гостинките на имот во сопственост на Тереза Хајнц Кери, познат филантроп и сопруга на сенаторот Џон Кери.
„Роузмонт фарм“ е познат по сопственото производство на зеленчуци и овошје. На имотот исто така се одгледуваат крави и живина. Местото за приемот на дамите намерно било избрано таму, за да можат првите дами да ја споделат љубовта на Мишел Обама кон здравата храна, приготвена со свежи производи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град