Невенчаната сопруга на францускиот претседател, Валери Триервеилер, во налет на бес искршла многу вредни работи во Елисејската палата.
Невенчаната сопруга на францускиот претседател, Валери Триервеилер, во налет на бес искршла многу вредни работи во Елисејската палата.
Таблоидот кој прв го објави текстот за аферата на францускиот претседател во својот нов број, пишува дека Валери направила штета вредна 3 милиони евра. Наводно помеѓу уништените ствари се нашла и вазата од периодот на Луј 16ти, пренесува Huffington post.
Но, подоцна тие информации, од страна на бирото кое е задолжено за грижа и заштита на мебелот во палатата, се негираат. Валери во саботата ја пуштиле од париската болница во која престојувала 10-тина дена откако во медиумите се појавила аферата на Холанд со актерката. Моментално е во ловечкиот дом покрај Версајската палата.
Да се потсетиме, таблоидот на седум страници ја објавил приказната за наводната афера на Оланд со 41-годишната актерка Џули Гајет. Во текстот се опишани во детали нивните средби, и сè е поткрепено со фотографии од наводните љубовници. После тоа, првата дама Валери Триервеилер е хоспитализирана, наводно поради исцрпеност. Сепак, локалните медиуми објавија дека всушност земала премногу апчиња и дека сакала да се убие откако избила жестоката расправија во Елисејската палата меѓу неа и Холанд. Сепак, нејзините пријатели се негираа.
Оланд, минатата недела ја одржа и долгоочекуваната конференција за новинарите, која, всушност беше за ослабнатата француска економија. Но, како и што се очекување, првото прашање на новинарите беше во врска со неговата афера со актерката.
Гајет поднела тужба против магазинот поради кршење на приватноста и бара 50.000 евра оштета и 4.000 евра за судски трошоци. Доколку актерката го добие спорот на суд, магазинот на насловна страна ќе мора да ја објави пресудата. Оланд изјавил дека нема да го тужи таблоидот бидејќи како претседател на државата има имунитет кога некој го тужи него па не сака да прави двојни стандарди. Од друга страна пак, аферата ни он ни Гајет не ја негираат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град