Во време кога секојдневно не бомбардираат со разни, се поморбидни антипушачки слики и слогани, на некои жители на Задар се чини им пукнал филмот, па поведоа антиантипушачка кампања со невообичаени, но оригинални налепници. Тие се направени со стандардни димензии на службените антипушачки налепници, па така лесно можат да се лепат преку нив. Исто како оние што се на цигарите.
Основниот слоган на антиантипушачка кампања е “Пушење до јајца”, а по него следат: “Пушењето сериозно го полни државниот буџет”, “Пушењето е важен дел од предиграта”, “Пушењето ова – пушењето она” и други.
Авторите и производителите на овие налепници, веројатно се свесни дека нема да направат ништо “револуционерно”, но барем на “зависниците” што се трујат со цигари “ќе им го разубави денот” и ќе им го ублажи револтот. Налепниците се во виолетова боја, а како што дознава “Слободна Далмација”, се продавале во комплети од по шест налепници за само пет куни. Засега не се знае кој е авторот и каде точно можат да се купат, но како молња се ширеле по масите на задарските кафулиња.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град