Прв случај на африкански сој во Косово

Во Косово е детектиран прв случај на африкански сој на коронавирус, информираат од Националниот институт за јавно здравје на Косово.

 |   | 

Во Косово е детектиран африканскиот сој на коронавирус. Ова го потврдија од Националниот институт за јавно здравје на Косово, од каде што објавија дека има еден случај на лице заразено со т.н африканска варијанта на Ковид-19.

Пациентот веднаш е примен на болничко лекување во Клиниката за инфективни болести во Приштина, а истовремено здравствените власти ги испитуваат неговите контакти со цел да откријат и евентуално други случаи, се наведува во соопштението на косовскиот Институтот за јавно здравје.

Инаку и во Косово, сосема слично како и во останатите држави на Балканот, епидемиолошката крива е во надолна линија, дневно има по 10 до 15 новозаболени, во изминативе десеттина дена. На Косово има 1.074 активни случаи денеска. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top