Грчките власти го потврдија првиот случај на заразен со новиот вирус на грип А (H1N1), јави грчката агенција АНА-МПА.
Грчките власти го потврдија првиот случај на заразен со новиот вирус на грип А (H1N1), јави грчката агенција АНА-МПА.
На вонредната прес-конференција заменик-министерот за здравство Јанис Папагеоргиу рече дека станува збор за 19-годишен студент, кој бил во Њујорк од почетокот на годината и се вратил во Атина.
Болниот бил заразен за време на престојот во САД и симптомите на грип се појавиле во Грција. Пред да биде хоспитализиран тој земал антибиотици.
– Нема знаци за загриженост, тоа не е тежок, туку полесен случај, изјави заменик-министерот и додаде дека при вакви ситуации Грција докажала дека има доволно сили за да се справи.
Грчкиот министер за здравство Димитрис Аврамопулос денеска итно ќе се врати од Женева, каде што учествува во Генералното собрание на Светската здравствена организација (СЗО) и за денеска закажа вонредно советување во националниот здравствен центар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град