Протестите во Украина, од денес забранети со закон

Стапи на сила контроверзниот Закон за забрана на протести во Украина и покрај насилните демонстрации против него кои втор ден продолжуваат низ улиците на Киев.

 |  Голабовски Крсте  | 
protesti ukraina
протести украина

Стапи на сила контроверзниот Закон за забрана на протести во Украина и покрај насилните демонстрации против него кои втор ден продолжуваат низ улиците на Киев.

Законите се објавени во службениот весник „Глас на Украина“ и официјално се на сила, иако опозицијата и натаму бара нивно повлекување.

protesti ukrainaЗаконите кои пред четири дена ги потпиша претседателот на Украина Владимир Јануковиќ предвидуваат казни до 15 дена за поставување на шатори или бини на јавни места без одобрени од власта. Како и затворски казни до 5 години за луѓе кои ги блокираат државните згради и казни за оние кои демонстрираат со маски или кациги.

Со пиротехнички средства демонстрантите и ноќеска се судрија со украинската полиција. Триесетина демонстранти се уапсени,  медиумите јавуваат и за голем број повредени, меѓу нив има и 26 новинари.

Претседателот Јанукович изрази загриженост за состојбата и повика на дијалог и компромис.  Состојбата е сериозна и нередите можат да се прелеат во целата земја, додаде Јанукович.  Но, според незадоволните граѓани, за преговори е премногу доцна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top