Протести во Франција против легализацијата на истополовите бракови

Франција вчера стана 14-тата земја во светот која го легализирала склопувањето на истополовите бракови, откако парламентот го усвоил законот со кој на лицата од ист пол им се дозволува да се венчаат и да посвојуваат деца.

 |  Голабовски Крсте  | 
protesti pariz
протести париз

Франција вчера стана 14-тата земја во светот која го легализирала склопувањето на истополовите бракови, откако парламентот го усвоил законот со кој на лицата од ист пол им се дозволува да се венчаат и да посвојуваат деца.

protesti parizКако и изминатата недела, така и оваа, француското општество максимално се подели по прашањето за истополови бракови. Еден полицаец е повреден во главата, додека гневните демонстранти фрлаа петарди, шишиња и камења.Тензиите во Франција не се смирија ниту откако парламентот го усвои законот за истополови бракови, а полицијата повторно се судри со група насилни демонстранти и употреби солзавец.

Пратениците на францускиот долен дом од парламентот вчера попладне го усвоија законот за геј браковите, а веднаш по тоа, тензиите пораснаа и во парламентот и на улиците, каде протестираа илјадници луѓе.

Веднаш по изгласувањето, пратениците на десничарската партија започнаа постапка за оспорување на одлуката пред Уставниот суд, кој пресудата ќе ја донесе во рок од еден месец. Од друга страна пак, Владата е целосно убедена дека жалбата на опозицијата ќе биде отфрлена.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top