Протестен „натпис“ ја осветли куполата на кадетралата Св. Петар во Ватикан

Неочекуван протестен „натпис“ ја осветли синоќа познатата купола на катедралата Свети Петар во Ватикан: „Стоп за пратеничките пензии!“

 |  Маја Савиќ  | 
kupola sv.petar
купола Св. Петар

kupola sv.petarНеочекуван протестен „натпис“ ја осветли синоќа познатата купола на катедралата Свети Петар во Ватикан: „Стоп за пратеничките пензии!“

На крајот се разјасни дека акцијата е дело на торинскиот архитект Лучано Казасоле. Тој „го напишал“ својот протест врз куполата на Свети Петар со моќен слајд прожектор од хотелска соба кој ја изнајмил во близина на Ватикан.

Казасоле во моментот е на распит од страна на инспектори од папската жандармерија и од италијанската полиција. Архитектот се одбранил дека извршил „божјо“ дело, бидејќи само го цитирал пиемонскиот кардинал Северино Полето, кој повика на штедење на средствата во период на финансиска криза.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top