Професорка во средно училиште во САД е осудена поради сексуален однос со пет свои ученици. Судијата ја одбил одбраната и тврдењата дека учениците ја искористиле.
Професорка во средно училиште во САД е осудена поради сексуален однос со пет свои ученици. Судијата ја одбил одбраната и тврдењата дека учениците ја искористиле.
Стејси Шулер поради врска со малолетници е осудена на четири години затвор.
Професорката изјавила дека не е виновна, а одржувањето на оргиите, алкохолот и дрогата, групниот секс со ученици пробала да го оправда со нивна наводна психичка болест.
Шулер на која и се заканувале децении во затвор, плачела додека полицаецот и ставал лисици и ја одведувал од судницата во Охајо. За шест месеци ќе има сослушување за евентуално помилување.
Сама го започнувала сексуалниот контакт
Учениците од средното училиште Мејсон, кои имале по 17 години сведочеле дека професорката пиела, а притоа доброволно учевствувала во групен секс, па дури и самата го започнувала контактот.
При првиот инцидент, по фудбалскиот натпревар, на момчињата им направила пијалоци со вотка, со нив пушела марихуана, а откако измасирала еден од нив, потоа спиела со него. Во ‘играта’ се вклучил уште еден тинејџер.
Психологот кој сведочел во корист на одбраната, рекла дека физичката и психичката болест на Стејси Шулер во комбинација со нејзината веганска диета, употребувајќи алкохол и антидепресиви, ја оневозможиле професорката да биде разумна и да знае што е нормално, а што не.
Судијата не го прифатил таквото тврдење, бидејќи таа е професионално лице кое работи професија за која треба многу добро да ја препознава границата меѓу доброто и лошото.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град