Продолжува скандалот со свештениците од Германија

Свештеник кој веќе имал правосилна пресуда и забрана за работа со деца продолжил да го прави тоа уште 25 години.

 |  Маја Савиќ  | 
sveshtenik
свештеник

vaticanВо Баварија е суспендиран свештеникот Петер Х., 62 години, кој работел веќе 25 години иако имал условна казна затвор поради сексуално злоставување на деца. Скандалот во Германија зазема се поголеми размери.

Свештеникот е суспендиран бидејќи го прекршил правилото дека не смее да биде во каков било контакт со деца, пренесуваат од Црквата.

Петар Х е докажано дека злоставувал деца во 1979 и 1985 година во Есен па потоа во Баварија поради што и бил осуден на 18 месеци условна казна.

Едно дете, жртва на злоставување, изјавило дека свештеникот го повикал да спие кај него и му дал да пие алкохол. Потоа се соблекол и го терал детето на орален секс. Утрото по случката му оставил порака на која пишувало „Веднаш врати се дома и заборави на се“.

Но, свештеникот и по пресудата продолжил да држи миси за деца, дури и водел деца на годишен одмор. Како што се дознава од истрагата, неговиот надреден пред неколку денови поднел оставка, а Петер Х. не сакал да го коментира тој случај.

Ватикан во меѓувреме најави дека папата ќе има свое обраќање во врска со скандалот. Папата Бенедикт XVI, чиј брат Ѓеорг, бил сведок на злоставувањето на деца во црквата која тој ја водел, најави писмо во кое ќе ги осуди случувањата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top