Привремена забрана за дискотеки и клубови во Црна Гора

Поради непочитување на епидемиолошките мерки во Црна Гора и зголемениот број новоинфицирани од денеска до 2 август властите ќе воведат привремена забрана за работа на ноќни клубови и дискотеки.

 |   | 

Забранети се забавите и музичките фестивали, како и сите масовни собири во затворени простории.
Дирекцијата за инспекциски работи ќе ги контролира собирите на отворено и изведувањето музика во живо во градините на локалите.

Доколку продолжи трендот на прекршување, ќе се разгледа нивното укинување или дополнително ограничување.

Црна Гора бележи пораст на бројот на новоинфицирани. Вчера имаше 65 новозаразени. Вкупниот број заразени моментално изнесува 421.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top