Прислушкувани холандски новинари

Најголемиот холандски весник „Де телеграф“ поднесе обвинение против Владата поради наводно прислушување четворица новинари од тој медиум. Судскиот процес ќе почне на 16 јули.

 |  Крсте Голабовски  | 
Телеграф

Најголемиот холандски весник „Де телеграф“ поднесе обвинение против Владата поради наводно прислушување четворица новинари од тој медиум. Судскиот процес ќе почне на 16 јули.

Весникот, асоцијациите на холандски новинари и асоцијацијата на уредници ќе побараат разузнавањето да престане со прислушување телефони на новинари, за да се заштити слободата на изразување и да се гарантира безбедноста на изворите.

ТелеграфВо јуни обвинителството одобри претрес на станот на новинарката Јоланде ван де Граф. Пред претресот разузнавачката служба уапси двајца свои вработени поради давање информации на новинарката за наводни грешки на разузнавањето за време на војната во Ирак во 2004 година.
Весникот во март објави напис на Де Граф во кој се тврди дека холандското разузнавање само ги „препишува“ информациите од странски служби.
Авторката на текстот, која се повикува на извор од разузнавањето, пишува дека службата не успеала да потврди дали Садам Хусеин навистина располагал со нуклеарно оружје.
Холандската служба за разузнавање потоа поставила прислушни уреди во телефоните на Де Граф и тројца нејзини колеги, тврди медиумот.
Министерот за информации Роналд Пластерик изјави за националното радио дека разузнавањето не може да прислушува телефони „без причина“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top