Прирачник за вештерки

Британската католичка црква издаде прирачник за преобраќање на вештерки од страв дека се повеќе млади луѓе под влијание на Хари Потер почнале да се занимаваат со вештерски работи.

 |  Маја Савиќ  | 
priracnik
прирачник

priracnikБританската католичка црква издаде прирачник за преобраќање на вештерки од страв дека се повеќе млади луѓе под влијание на Хари Потер почнале да се занимаваат со вештерски работи.

Прирачникот наречен “Вика и вештерство: Разбирање на опасностите,“ на католиците им нудел совети како да разговараат со неверниците а родителите ги советувал што треба да прават доколку нивното дете покаже интерес за паганство.

Елизабет Дод, автор на прирачникот и поранешна вештерка, тврди дека 70% од луѓето кои се занимаваат со вештерство се млади жени кои се во потрага по некој вид на духовност.

“Покрај она што буди восхит кај луѓето, вештерството кај младите може да остави и долготрајни последици, заради негова поврзаност со злотворното движење на сатанистот Алистер Кроули,“ смета Дод.

При пописот во Британија во 2001-та, 7.000 од 31.000 тнр.  неопагани се идентификувале како припадници на древната религија на вештерките – Вика, но се смета дека бројките се многу поголеми.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top