Принцезата Дијана била убиена од трговци со нагазни мини

Иако поминаа скоро 13 години од смртта на принцезата Дијана, нејзиното прерано заминување и понатаму на виделина изнесува нови сомнежи за тоа дека сообраќајната несреќа беше чиста случајност.

 |  Маја Савиќ  | 
Dijana
Дијана

dijana soobrakajkaИако поминаа скоро 13 години од смртта на принцезата Дијана, нејзиното прерано заминување и понатаму на виделина изнесува нови сомнежи за тоа дека сообраќајната несреќа беше чиста случајност.

Една од теориите на заговорот за која на големо се расправа во британските медиуми и политички кругови истакнува дека принцезата Дијана била убиена бидејќи сакала да ги открие луѓето кои се поврзани со трговијата на нагазни мини.

Односно, истражувачот Мајкл Мансфилд кој бил ангажиран од Мохамед ал Фаед за да ја открие причината за смртта на принцезата Дијана и неговиот син Доди ал Фаед, тврди дека го поседува дневникот на принцезата кој може да се искористи за утврдување на мотивот за убиството. Дијана сакала да разоткрие високи државници кои биле вмешани во трговијата со нагазни мини.

Познато е дека Велика Британија е голем извозник на мини, а Дијана дошла до информаициите бидејќи им помагаше на жртвите од тие направи. Секако, ова е само еден од заговорите за сообраќајната несреќа која се случи во Париз во 1997 година. Колку и да преовладува скептичноста во врска со откривањето на причината за нејзината смрт, многумина веруваат дека со секој чекор се повеќе се доближуваат до откривањето на вистината.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top