Верен навивач на белгискиот фудбалски клуб Бриж доживеал незаборавен срам кога кратко пред натпреварот со клубот Стандард, пред преполниот стадион, ја запросил својата девојка.
Откако офциијалниот водител на натпреварот изговорил неколку воведни реченици, му го дал микрофонот на вљубеното момче кое извадило лист од џебот и почнало да чита пред девојката. Таа, пак, цело време збунето се обидувала да сфати што се случува.
На крај, момчето паѓа на колена и го поставува судбоносното прашање, но на негово големо изненадување девојката речиси панично го одбива и бега од стадионот. Отфрлениот љубовник со помош на водителот изглегол од теренот. За негова утеха, Бриж победил на натпреварот со 1:0.
{hwdvideoshare}id=1164|width=300|height=225{/hwdvideoshare}
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град