Франциско Еверардо Оливеира Силва, познат како Тиририка (што во превод значи Намќор), денеска беше подложен на испит, со кој треба да се утврди дали тој одговара на уставните барања пратениците да бидат писмени. Засега резултатите од проверката не се познати.
Кловнот на изборите минатиот месец освои околу 1,3 милиони гласа, речиси двојно повеќе од второпласираниот кандидат. Неговите видео снимки на Интернет со пораки како „Не може да биде полошо“ и „Што прави еден федерален пратеник? Навистина не знам. Но гласајте за мене и ќе разберете“, привлекоа милиони корисници.
За време на предизборната кампања се појавија и тврдења дека Силва е неписмен, какви што се 10 проценти од Бразилците. Судот одлучи имало разлика меѓу ракописот во барањето на кловнот за учество на изборите и во документот, со кој тој се заколнал дека знае да чита и пишува, како и во автограмите давани од него.
Силва изјави дека разликите се должат на фактот дека неговата сопруга му помогнала да ги пополнува апликациите бидејќи тој имал проблем да го држи цврсто пенкалото меѓу палецот и показалецот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град