Пожар кај Дубровник, запалени глисери и автомобили

Во пожарот што избувна вчера попладне во Мириново, кај Дубровник, изгореа седум пловни објекти и две возила, извести Дубровничката противпожарна бригада.

 |   | 

Во пожарот што избувна вчера попладне во Мириново, кај Дубровник, изгореа седум пловни објекти и две возила, извести Дубровничката противпожарна бригада.

Пријавата за пожарот била примена во 15 часот, а во интервенцијата учествувале пет возила и еден пловен објект, со вкупно 13 пожарникари.

Пожарот бил ставен под контрола во 15:40 часот, а причините за пожарот треба да ги утврди полицијата по спроведената истрага.

Дирекцијата за цивилна заштита објави дека пожарот избувнал во Стара Мокочица-Мириново и дека зафатил скутер на вода, глисери и возила на брегот – комбе и автомобил.

Според „Дубровачки вјесник“, пожарот започнал при преточување гориво и се проширил со голема брзина. Причинета е голема материјална штета, а во пожарот нема повредени.

Пожарот избувна на копно и се прошири кон морето, а локализиран е и ставен под контрола околу 15 часот и 40 минути – изјави за dnevnik.hr командирот на противпожарната служба Стјепко Крилановиќ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top