Повторно пукање и повредени во Париз

Полицаец и метач на улици денес беа застрелани и тешко повредени во јужниот дел на Париз што ги зголеми тензиите еден ден откако вооружени напаѓачи упаднаа во редакцијата на еден сатиричен неделник и убија 12 луѓе.

 |  Голабовски Крсте  | 
pukanje zrtvi
пукање жртви

Полицаец и метач на улици денес беа застрелани и тешко повредени во јужниот дел на Париз што ги зголеми тензиите еден ден откако вооружени напаѓачи упаднаа во редакцијата на еден сатиричен неделник и убија 12 луѓе.

паризДел од француските медиуми објавуваат неофицијални информации дека ранетата полицајка им подлегнала на повредите.
Напаѓачот во денешниот инцидент што се случи пред зори уште е во бегство, рече францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев.

Тој предупреди да не се избрзува со донесување заклучоци во врска со нападот што не го поврзуваат со нападот врз неделникот “Шарли ебдо” во кој меѓу загинатите имаше двајца полицајци.

Во денешниот вооружен напад полицаецот запрел за сообраќајна незгода кога почнало пукањето.
Париската полиција рече дека втората жртва бил метач на улици.

“Имаше полицаец пред белиот автомобил и маж кој трчаше и пукаше”, рече Ахмед Саси кој го видел пукањето од неговиот дом што се наоѓа во близина.
Тој додаде дека напаѓачот носел темна облека, но не носел маска.

“Не ми изгледаше како големо оружјето што го носеше бидејќи го држеше со една рака”, рече тој.
Казенев денес излезе од итната седница на владата за да отиде на местото на инцидентот.
Во Франција алармот за опасност по безбедноста е подигнат на највисоко ниво по смртоносниот напад врз редакцијата на неделникот “Шарли ебдо” во централен Париз.
 
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top