Повеќе од 70 лица се водат како исчезнати откако потонале три рибарски брода во Јужното кинеско море, кое го погоди тајфун, јавуваат кинеските медиуми.
Повеќе од 70 лица се водат како исчезнати откако потонале три рибарски брода во Јужното кинеско море, кое го погоди тајфун, јавуваат кинеските медиуми.
„Три рибарски брода потонаа во неделата откако помина тајфунот Вутип. Седумдесет и пет лица се водат како исчезнати“, јавува агенцијата Синхуа.
На отворено море имало пет брода со 171 патник во моментот кога поминал тајфунот. Досега се спасени 15 лица, а акцијата за спасување трае и денеска. Тајфунот Вутип, проследен со ветрови што достигнуваат брзина од 140 километри на час, го погоди кинескиот остров Хајнан.
Денеска би требало да стигне до централното крајбрежје на Виетнам, каде се евакуирани 70.000 лица.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град