Посвоите телефонска говорница

Доколку сакате да поседувате автентична британска телефонска говорница, тоа веќе не е проблем – можете да ја посвоите.

 |  Maja Савиќ  | 
telephone booth
телефонски кабинa

telephone boothsДел од туристичкото и историското национално наследство – црвената телефонска кабина, заедно со Биг Бен и двокатните автобуси, е еден од препознатливите симболи на Велика Британија.

По драстичниот пад на рентабилност на телефонските говорници поради ширењето на мобилната телефонија, Британците смислуваат нови видови на нивната употреба со цел да ги сочуваат.

Откако поретко се користат телефонските кабини „Бритиш телеком“ постепено од нив ги отстрани телефонските апарати. Кабините сега се во надлежност на локалните власти.

Некои општини кабините ги фрлија како старо железо, додека други сакаат да ги сочуваат. Во едно село, во близина на Оксфорд, покрената е програма за посвојување на телефонската говорница за една фунта и нејзино пренаменување во мала библиотека или уметничка галерија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top