Постои реална закана од нуклеарен тероризам

Заканата од нуклеарен тероризам е сосема реална, изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон на средба со странски дипломати во Стејт департментот.

 |  Maja Савиќ  | 
Hilari Klinton
Хилари Клинтон

balisticka raketaЗаканата од нуклеарен тероризам е сосема реална, изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон на средба со странски дипломати во Стејт департментот.
– Заканата од нуклеарен тероризам е сосема реална. Терористички мрежи постојано се обидуваат да се здобијат со нуклеарни материјали секаде во светот, изјави Клинтон.
– И покрај меѓународните спорови, властите во сите држави треба да бидат заедно против заканата за тој вид тероризам, нагласи таа.
Според неа, средбата на 12 и 13 април во Вашингтон за нуклеарна безбедност е особено важна во тој контекст.
САД најавија вчера нова нуклеарна доктрина со која се ограничуваат случаите во кои Вашингтон може да употреби нуклеарно оружје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top