Поскоците напаѓаат на нивите

Во Ваљево, Србија, деновиве се регистрирани шест каснувања на змии, од кои четири биле отровни.

 |   | 
Poskok
Poskok

Во Ваљево, Србија, деновиве се регистрирани шест каснувања на змии, од кои четири биле отровни. На удар на поскоците најмногу се берачите на малини, а биолозите предупредуваат на крајно внимание при престој во природа, затоа што отровниците се прилично намножени и тешко се распознаваат.

poskok

Најпрво настрада ученик во шесто одделение кој бил на екскурзија во тој крај. Останатите случаи, земјоделци, по каснувањето од најотровната европска змија помош побарале во болница, пишува Блиц.

Лекарите и биолозите советуваат, и покрај горештините, луѓето што работат во поле задолжително да носат чизми и ракавици.

“Во случај на каснување не се препорачува да се шмука раната, повредениот дел од телото не треба многу да се поместува, а врзување доаѓа во предвид само ако не може за 30 минути да се стигне до амбуланта”, велат лекарите.

{loadposition content9}

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top