Белградската телевизија “Пинк“ добила интервју со лидерот на Либија, Моамер Гадафи, благодарение на добрите врски на Зоран Лилиќ, поранешен претседател на СР Југославија од средината на деведесеттите години, со арапскиот свет.
Интервјуто го водел токму Зоран Лилиќ, кој пред два дена отпатувал во Триполи, за лично да побара од Гадафи помош за евакуација на граѓаните на Србија. Користејќи ја оваа прилика, Лилиќ, кој функцијата претседател на СРЈ ја извршуваше за време на режимот на Слободан Милошевиќ, односно од 1993 до 1997 година, договорил и интервју со водачот на Џамахиријата за телевизијата “Пинк“. Но, некои српски медиуми шпекулираат дека ова предизвикало остри реакции во српската влада. Сепак интервјуто било направено телефонски, и вчера било емитувано на ТВ “Пинк“.
Инаку, Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција, според која на либискиот режим на чело со Гадафи му се воведуваат санкции, односно на водачот на Џамахиријата и на членовите на неговото семејство му се забрануваат патувања, а замрзнат им е и целиот имот, додека на Либија и е воведено ембарго за увоз и извоз на оружје.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град