Поради 5G мрежата откажани летови за Америка

Големите меѓународни авиокомпании побрзаа да ги реорганизираат или откажат летовите до Соединетите држави поради загриженоста за безбедноста на летовите. Ова доаѓа по веста дека „AT&T“ и „Verizon“ денеска ќе започнат со воведување на безжичната мрежа 5G, иако и двата оператора рекоа дека ќе ја одложат таа активност.

 |   | 

Големите меѓународни авиокомпании побрзаа да ги реорганизираат или откажат летовите до Соединетите држави поради загриженоста за безбедноста на летовите. Ова доаѓа по веста дека „AT&T“ и „Verizon“ денеска ќе започнат со воведување на безжичната мрежа 5G, иако и двата оператора рекоа дека ќе ја одложат таа активност.

Американската федерална управа за воздухопловство (FAA) предупреди дека сигналите 5G може потенцијално да влијаат врз мерачот на висината на летот, што игра клучна улога во слетувањето на некои модели на авиони при лоши временски услови, а авиокомпаниите велат дека предупредувањето првично се однесува на моделот Боинг.777.

И покрај најавата на „AT&T“ и „Verizon“ дека ќе го паузираат воведувањето на 5G мрежата во близина на аеродромот, некои авиокомпании сè уште ги откажуваат летовите или ги менуваат моделите на авиони што беа планирани на линиите за САД, пренесува Ројтерс.

Доцна синоќа, FAA започна со ажурирање на податоците за тоа кои аеродроми и модели на авиони ќе бидат засегнати, што се очекува драматично да го намали влијанието на претходните скоро 1.500 известувања издадени од овој регулатор во врска со ограничувањата на 5G мрежата.

Авиокомпанијата „Емирати“ од Дубаи, која најмногу користи Боинг 777 во светот, објави дека од 19 јануари, датумот објавен за воведување на безжичната мрежа 5G во САД, ќе ги прекине летовите до девет американски дестинации.

Ќе продолжат летовите на Емирати до аеродромите во Њујорк „Џон Фицџералд Кенеди“, Лос Анџелес и Вашингтон.

Две големи јапонски авиокомпании, „All Nippon Airways“ и „Japan Airlines“, објавија дека ќе ги ограничат летовите со Боинг 777, односно дека ќе го менуваат типот на авион што го користат на некои летови до САД.

„Кореа ерлајнс“ соопшти дека ги заменил авионите Боинг 777 и 747-8 со други американски модели на шест американски патнички и товарни летови, тајванската авиокомпанија „Чајна ерлајнс“ објави промена во распоредот на некои летови, а хонгконгската „Катај Пацифик ервејс“ рече дека ќе користи различни типови на авиони доколку е потребно.

Сите споменати авиокомпании во своите образложенија наведоа дека одлуките ги донеле реагирајќи на најавата на Боинг дека 5G сигналите може да ја попречат работата на висинометарот на моделот Боинг 777.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top