Најмалку 17 лица загинаа, а осум се повредени во поплавите кои го зафатија јужниот дел на Тунис, јавија денеска медиумите во оваа северноафриканска земја.
Најмалку 17 лица загинаа, а осум се повредени во поплавите кои го зафатија јужниот дел на Тунис, јавија денеска медиумите во оваа северноафриканска земја.
Според очевидци повеќето од загинатите животот го загубиле во своите куќи, поради уривање на ѕидови и на кровови.
Дел од жртвите се удавиле при надоаѓање на голема количина вода, која во некои места достигнала ниво од над два метри.
Претседателот на Тунис Зине ел Бен Ели нареди да се преземат итни мерки за справување со ситуацијата.
Септември вообичаено е месец, кој им носи најголема суша на жителите на Тунис, но оваа година поројните дождови, кои паѓаа со денови, создадоа проблеми не само во оваа земја, туку и во соседниот Алжир, каде минатата недела најмалку 16 лица загинаа во поплавите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град