Полска: За маица со ликот на Че Гевара две години затвор

Две години затвор за луѓето кои поседуваат комунистички и фашистички симболи, предвидува новиот кривичен закон на Полска. Со истиот сега подеднакво ќе биде казнувањето, доколку на пример на маицата е ликот на Че Гевара и на Адолф Хитлер, пренесуваат полските медиуми.

 |  Маја Савиќ  | 
che
Ликот на Че

cheДве години затвор за луѓето кои поседуваат комунистички и фашистички симболи, предвидува новиот кривичен закон на Полска. Со истиот сега подеднакво ќе биде казнувањето, доколку на пример на маицата е ликот на Че Гевара и на Адолф Хитлер, пренесуваат полските медиуми.

Изменетиот кривичен закон, што стапил на сила пред два дена, се предвидува затвор за секој кој изработува, продава и поседува симболи на фашизмот и комунизмот.

Активистите на Комунистичката партија на Полска вчера сами себеси си поднеле кривична пријава за поседување на забранети комунистички симболи. Тие треба да добијат двегодишна затворска казна. Нивната намера е да проверат дали во пракса функционира новиот закон, што ги изедначил двете тоталитарни идеологии. Исто така, пријавите биле поднесени и  за тоа контраверзните параграфи од законот да дојдат пред Уставниот суд на Полска и Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Со новите законски одредби, чувањето на симболите било дозволено само во научни и колекционерски цели или како средство за уметничко истражување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top