Половина милион вакцини пристигнаа во Косово

Во Косово попладнево пристигна пратката од 503.100 дози анти-ковид вакцини „Фајзер”, кои се донација од Соединетите Американски Држави во рамки на програмата КОВАКС, јави дописникот на МИА од Приштина.

 |   | 

Министерството за здравство на Косово објави дека истовремено со американската донација, во земјата стасале и 53.820 дози вакцини, како дел од билатералниот договор на косовската Влада со производителот „Фајзер”.
Со вакцините кои ги прими денеска и со оние со кои веќе располага, косовското МЗ очекува масовната вакцинација против Ковид-19 да се зајакне понатаму, со цел постигнување на целта на Владата за вакцинирање на 60 отсто од населението според државниот план за вакцинација – се вели во соопштението.

Во Косово, вклучително податоците за последните 24 часа, досега се извршени над 922 илјади вакцинации, при што втората вакцина ја примиле повеќе од 307 илјади лица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top