Кинеската полиција спасила 382 грабнати бебиња и при тоа уапсила 1094 лица, кои се сомничат за организирање на трговија со деца.
Кинеската полиција спасила 382 грабнати бебиња и при тоа уапсила 1094 лица, кои се сомничат за организирање на трговија со деца.
Кинеската полиција спасила 382 грабнати бебиња и при тоа уапсила 1094 лица, кои се сомничат за организирање на трговија со деца, за време на операција во која разбила четири интернет криумчарски синџири, соопштува тамошното Министерство за јавна безбедност.
Операцијата била организирана веднаш откако полицијата во Пекинг во источната провинција Џингас минатата година открила четири веб страни на кои се продаваат бебиња под маската дека децата се посвојуваат, наведува Министерството, пренесува АФП.
Киднапирањето деца е голем проблем во Кина и покрај огромните казни кои вклучуваат и смртна казна за криумчарење.
Строгите законски прописи, политиката за едно дете и традиционалното истакнување на машкото дете, како и сиромаштијата споредена со големиот профит довеле до „разработување на црниот пазар за деца”.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град