Полицајци убиени за време на рутинска сообраќајна контрола во Германија

Полицаец и полицајка биле застрелани синоќа додека биле на рутинска патрола во западна Германија.

 |   | 

Полицаец и полицајка биле застрелани синоќа додека биле на рутинска патрола во западна Германија.

Во моментот на убиството тие вршеле рутинска сообраќајна контрола околу 4.20 часот во близина на Кусел, соопшти полицијата во Кајзерслаутерн.

Полициските службеници успеале да повикаат помош преку радиоврската, но кога пристигнало засилување, веќе не можеле да им помогнат.

Напаѓачите, веднаш по пукањето, побегнале од местото на настанот, а полицијата немала информации за насоката во која се движат, ниту за нивниот опис.

Полицијата ги повика возачите во областа Кусел да не примаат автостопери во возилата и предупреди дека најмалку еден осомничен е вооружен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top