Италијанскиот премиер Силвио Берлускони ги замисли политичките противници, откако неочекувано изјави дека се надева да доживее 120 години
Тој во својот говор во Милано по повод 90-годишнината на Луиџи Верца, основач и почесен претседател на болницата „Сан Рафаеле“ и на Универзитетот за живот и здравје, изрази увереност дека проектот за продолжување на животниот век до 120 години е сосема реален.
– Во 19. век луѓето живееле просечно по 23 години, во првите години на 20. век животниот век е продолжен на 43 години, а сега овој показател е 81 година за жените и 79 за мажите, нагласи Берлускони.
Италијанскиот премиер кој има 73 години, оцени дека проектот „Долговечност“ е реален од гледна точка на научните експерименти на клеточното ниво и со оглед на промената во начинот на животот.
Колку човек повеќе живее, толку повеќе добри дела ќе успее да направи, додаде Берлускони.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град