Светски економски форум за Латинска Америка се одржува денеска и утре во Рио де Женеиро, на кој ќе се дискутира за ефектот на светската економска криза врз овој дел од светот.
Светски економски форум за Латинска Америка се одржува денеска и утре во Рио де Женеиро, на кој ќе се дискутира за ефектот на светската економска криза врз овој дел од светот.
Повеќе од 500 делегати од 35 земји ќе се осврнат и на проблемите на Блискиот исток, Азија и Кина, но и на трговските пречки и протекционизмот.
Фокусирајќи се на претстојната економска бура, други интереси на Форумот ќе бидат и смената на американската администрација, причините за економскиот крах, улогата на трговијата со дрога врз социо-економските добра, како и за фосилните горива и алтернативните извори на енергија.
Светскиот економски форум започна да се одржува во 1971. година и имаше за цел да им помогне на државите при воспоставувањето на системот на глобална трговија и капитализам.
Следниот Форум за Блискиот исток ќе се одржи кон средината на мај во Јордан.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град