Почнува процесот против еден од последните нацисти

Еден од последните големи процеси за нацистичките злосторства од Втората свтеска војна почнува денеска во Минхен, а во главната ролја ќе биде Џон Демјанјук (89), кој ќе биде суден за неговото учество во убиството на 27.900 евреи во нацистичките концентрациони логори во 1943 година.

 |  Крсте Голабовски  | 
John Demjanjuk
Џон Демјанјук

Еден од последните големи процеси за нацистичките злосторства од Втората свтеска војна почнува денеска во Минхен, а во главната ролја ќе биде Џон Демјанјук (89), кој ќе биде суден за неговото учество во убиството на 27.900 евреи во нацистичките концентрациони логори во 1943 година.

John DemjanjukДемјанјук е роден во Украина. Тој е ставен на првото место на списокот на нацистички злосторници, изготвен од центарот “Симон Визентал” во Ерусалим. Работел како надзорник во конц логорот Собибор, кој денеска се наоѓа на територијата на Полска.
Пред приближно 20 години Демјанјук успеа да ја избегне смртната казна во Израел. Тогаш тој беше прогласен за едно од чудовиштата на нацистичкиот режим – прославен по својата бруталност како нацистички чувар, а познат под прекарот Иван Грозни од концентрациониот логор Треблинка.
Демјанјук беше прогласен за виновен и осуден на доживотен затвор. Потоа пресудата му беше укината, затоа што се појавија докази дека неговиот идентитет бил помешан и дека тој не бил надзорникот Иван Грозни.
Демјанјук, како и пред 20 години, ја негира неговата вина. Ако таа, сепак, биде докажана, тој може да добие доживотен затвор.
Во мај годинава Демјанјук беше екстрадиран од САД, каде живееше од 1952 година. Тоа се случи по долга судска битка, во која главниот аргумент против неговото екстрадирање беше влошената здравствена сосотјба. На крајот, меѓутоа, беше одлучено дека Демјанјук е во состојба да биде суден од американските и германските власти и затоа тој беше вратен назад во Германија.
Обвинетиот по војната живеел во германската провинција Баварија и затоа процесот ќе се води во малата судска сала во Минхен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top