Консумирањето на канабис во терапевтски цели е дозволено во Чешката Република од понеделникот кога стапи на сила законот кој беше донесен во понеделникот кој дозволува набавување на оваа дрога поради ублажување на симптомите на тешките заболувања.
Консумирањето на канабис во терапевтски цели е дозволено во Чешката Република од понеделникот кога стапи на сила законот кој беше донесен во понеделникот кој дозволува набавување на оваа дрога поради ублажување на симптомите на тешките заболувања.
За да се избегне злоупотребата, канабисот ќе може да се набави само на лекарски електронски рецепт поради ублажување на симптомите на тешките заболувања, како што се ракот, Паркинсоновата болест, псоријазата, мултиплекс склерозата, склерозата на зглобните површини и атописки ексцем.
Чешка ќе ја увезува таа дрога во текот на периодот од една година додека Националниот институт за контрола на лековите не го покрене издавањето на лиценци коишто ќе бидат валидни максимално пет години за локалните одгледувачи. Согласно со новиот закон, Институтот, исто така, ќе ги ограничи областите за одгледување.
Чешка со 10,5 милиони население е една од најлибералните европски земји во поглед на употребата на марихуаната. Лицата кои кај себе имаат до 15 грама марихуана или одгледале до пет стебла канабис сатива ризикуваат само парични казни.
Процентот на младите коишто консумираат марихуана во Чешка паднал од 203 отсто во 2010 година на 16,1 проценти во 2011 година, според податоците на Националната агенција за дроги.
Инаку од 1-ви април во Чешка стапи на сила уште еден закон од областа на здравството, со кој се дозволување пресадување органи на странски донори коишто починале во Република Чешка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град