Почна судењето на Фрицел

Почна судскиот процес против Јозеф Фрицл, Австриецот обвинет дека 24 години ја држел затворена својата ќерка во подрум и со неа имал седум деца.

 |  Крсте Голабовски  | 
Jozef Fricel
Јозеф Фрицел

Почна судскиот процес против Јозеф Фрицл, Австриецот обвинет дека 24 години ја држел затворена својата ќерка во подрум и со неа имал седум деца.

Фрицл (73) влезе во судницата облечен во сив костум и со подигнати раце криејќи го лицето.

Тој одби да одговори на новинарски прашања

Jozef FricelИстражните органи велат дека монструмот го признал затворањето и систематското силување на својата ќерка Елизабет 24 години во визбата без прозорци што ја изградил под семејниот дом во австрискиот град Амстетен.

Фрицл се товари за убиство бидејќи не овозможил лечење на седмото дете што го имал со Елизабет, а кое умрело како новороденче. Фрицл е обвинет и за силување, инцест, затворање и ропство.

Случајот предизвика големо внимание кај светската јавност.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top