Почина претседателот на Венецуела, Хуго Чавез

58-годишниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез, почина откако долго се бореше со рак, објави венецуелскиот потпретседател.

 |  Голабовски Крсте  | 
venezuela zena
венецуела жена

58-годишниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез, почина откако долго се бореше со рак, објави венецуелскиот потпретседател.

hugo cavezПо операцијата на Куба, Чавез се врати во татковината на постоперативен третман, но прогнозите не беа многу оптимистични. Од јуни 2011-та Чавез беше на хемотерапија и му беа направени повеќе операции. По последниот хируршки зафат на Куба не се појави во јавноста, туку само беа објавени неколку негови фотографии.
Чавез себе си се нарекуваше социјалист на 21-от век.Чавез беше на чело на Венецуела 14 години. Беше познат како еден од најистакнатите, најгласни и контроверзни лидери во Латинска Америка. Тој победи на претседателските избори во 1998-ма, а во октомври 2012-та освои уште еден 6-годишен мандат.
Неговата смрт ќе погоди милиони кои ја обожаваа неговата харизма и анти-американска реторика. Критичарите пак го доживуваа како диктатор, националист, кој беше груб кон своите противници.

Контролата над политичкото движење на Чавез сега ја презема потпретседателот Николас Мадуро.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top